Дома Топ вести Реал не се откажува, спрема нова понуда за Мбапе

Реал не се откажува, спрема нова понуда за Мбапе

Реал Мадрид не се откажува од намерата да го доведе Килијан Мбапе и спрема нова, трета понуда до Пари Сент Жермен.

„Екип“ пренесува дека Мбапе веќе ги договорил личните услови со „кралевите“ за договор до 2027 година според кој ќе заработува 35 милиони евра по сезона.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Меѓутоа, двата клуба не можат да најдат заеднички јазик околу обештетувањето. ПСЖ ги одби двете понуди од Реал, а последната беше 170 милиони евра плус 10 милиони како бонуси.

Реал не се откажува и спрема нова понуда која со вклучени бонуси ќе достигне 200 милиони евра, што е приближно на сумата од 215 милиони која ја бараат „светците“.

„Екип“ пренесува дека големи се шансите ПСЖ да ја прифати оваа понуда од „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…