Реал Мадрид изгледа нема намера да се откаже од намерата да го доведе Пол Погба.
Францускиот фудбалер кој се уште е член на Манчестер Јунајтед беше желба на Реал уште додека играше за Јувентус.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако летото 2016 година одлучи да премине во Манчестер, Реал никогаш не се откажа и се уште се обидува да го ангажира. Изгледа дека самиот играч едвај чека да премине во Мадрид или пак барем да го напушти Манчестер каде што не му оди најдобро.
Најновата понуда за која се пишува на Островот би можела да биде причина „црвените ѓаволи“ да размислат. Имено, „The Sun“ пишува дека Реал е спремен да понуди четири играчи за да го доведе 27 годишниот Французин.
Според информациите тоа се – Мартин Одегард, Хамес Родригез, Лукас Васкез и Брахим Диаз. Хамес е еден од играчите кои веќе се поврзуваше со Јунајтед и сигурно дека се работи за проверен играч кој многу лесно може да ја врати формата ако му се пружи шанса.
Одегард е млад играч со голем потенцијал, но не мора да значи дека во иднина ќе биде светска ѕвезда. Васкез е играч кој може добро да дојде на секој тим поради тактичките поставувања и дисциплината, додека Диаз во Јунајтед би можеле да го искористат во некоја размена или пак да го продадат. Сепак во Лион и тој покажа дека може да биде опасен пред голот на противникот.
Како и да е, ќе видиме дали во Јунајтед ќе ја прифатат оваа понуда, секако ако официјално пристигне.