Реал Мадрид е силно заинтересиран за ѕвездата на Рајо Ваљекано, Фран Гарсија и ќе ја активира откупната клаузула.
Според последните информации Фран Гарсија има откупна клаузула од 10 милиони евра и тој е поранешен член на „кралевите“, па за да се врати во матичниот клуб Реал ќе плати само половина од сумата.
Сè што треба да знаете за НОВИОТ формат на Светското клупско првенство! ↓↓↓
Реал научи од грешките во минатото кои ги направи со Хакими и Тео Хернандес, па сака да го врати Гарсија на „Сантиаго Бернабеу“.
Особено поради фактот што за Гарсија интерес покажуваат многу клубови ширум Европа, а Баер Леверкузен веќе спремил понуда од 10 милиони евра.