Првото издание на новиот Меѓуконтинентален куп на ФИФА за клубови од цел свет ќе вклучува пет натпревари, при што победникот на Лига на шампионите, Реал Мадрид, ќе игра директно во финалето на 18 декември во Доха, објави ФИФА.
Борбата за светската круна ќе почне задутре кога ќе се сретнат шампионите на Азија и Австралија – Ал Аин и Оукленд Сити. Победникот од тој дуел на 29 октомври во Каиро ќе игра со египетскиот Ал Ахли, најдобриот тим во Африка, а на 11 декември мексиканската Пачука ќе игра против победникот од Копа Либертадорес кој е во тек.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Четирите најдобри екипи ќе пристигнат во Катар каде победниците од овие два дуели најпрво ќе играат на 14 декември, а победникот од нивниот дуел четири дена подоцна ќе се бори против Реал Мадрид за пехарот.