Дома Фудбал Останато Реал Мадрид тренер бара „под дрво и под камен“: Контактиран селекторот на Бразил!

Реал Мадрид тренер бара „под дрво и под камен“: Контактиран селекторот на Бразил!

tite

Реал Мадрид можеби има решение за нов тренер, но спремен ли е Флорентино Перез да чека до средината на јули?

„Кралевите“ по оставката на Зидан се најдоа во прилично незавидна ситуација, па светските медиуми од ден во ден пишуваат за нови контакти со разни тренери ширум европа.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Како што денес пренесуваат бразилските медиуми, повик од „кралевите“ добил и селекторот на Бразил, Тите. Се наведува и дека „кралевите“ добиле експресен одговор: „Се слушаме после Мундијалот“.

Основното прашање кога е Тите во прашање е дали Флорентино Перез е спремен да чека до средината јули. Претпоставките се дека на Реал му е потребен тренер што побрзо.

Секако, никој не можеше ниту да очекува дека Тите ќе го остави Бразил кој се надева на светска титула на само неколку дена пред почетокот на Мундијалот.

Искусниот стратег никогаш во својата кариера нема работено во Европа, а генерално гледано бразилските тренери и немаат некои посебен кредибилитет на „Стариот континент“.

Тите го превзема Бразил во 2016 година и во целост ја врати силата на оваа репрезентација. „Кариоките“ лесно се пласираа на Мундијалот, а под водство на Тите имаат учинок од 16 победи, три нерешени средби и само еден пораз.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…