Реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ чинеше многу повеќе од првично планираното, смета познатиот шпански економист Хектор Моедано.
Уште во 2017 година, Реал Мадрид најави дека планира да го реновира својот стадион, кој требаше да биде отворен минатото лето. Сепак, сега рокот е поместен за следното лето. Наместо планираните трошоци од една милијарда евра, за реновирањето „кралевите“ ќе платат неверојатни 1,8 милијарди евра, тврди Моедано.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стадионот доби подвижен покрив, големи екрани и терен кој може да се прилагоди за различни спортови, вклучувајќи фудбал, кошарка и тенис. На пример, на него можете да играте кошарка и тенис во исто време. Во рамките на реновирањето се изградени бројни продавници, кафулиња и хотел.
🏟✨ Santiago Bernabéu 🎥 pic.twitter.com/zjhJCiiy9q
— Real Madrid C.F. (@realmadrid) September 2, 2023
Реал Мадрид истакна дека ова е стадионот на 21 век и пример за дигиталната иднина. Покрај сето тоа, тревата може автоматски да се превиткува и вертикално да се складира во посебна комора под површината на теренот, веднаш до најниското ниво на трибините.
Теренот на Бернабеу во таа длабока комора ги има сите потребни услови да остане во совршена состојба, од системи за аерација и наводнување до третман со ултравиолетови зраци кои симулираат сонце. Посебно привлечен е процесот на расклопување и склопување на стадионот. Стадионот има и видео екран од 360 степени.