Реал Мадрид синоќа гостуваше во Валенсија и се избори за реми со гол на Бензема буквално во последната секунда од мечот.
Овој меч беше прилика „кралевите“ одблиску да се запознаат со квалитетите на Феран Торес, кој оваа сезона блеска во дресот на Валенсија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот Шпанец го привлече вниманието на многу големи клубови ширум Европа, а Реал сака да ја победи конкуренцијата и да го донесе на „Сантиаго Бернабеу“.
Торес оваа сезона на дваесет одиграни меча постигна четири гола и три асистенции, а неговиот договор со Валенсија истекува во 2021 година.
Реал е силно заинтересиран за крилниот фудбалер, но проблем е што Валенсија не сака да преговара и бара да биде платена откупната клаузула која изнесува 100 милиони евра.
„Кралевите“ веќе стапиле во контакт со неговите менаџери, па останува да видиме дали ќе биде платена клаузулата уште во јануари или ќе челкаат играчот на лето да влезе во последната година од договорот