Дома Трансфер зона Реал Мадрид и Крос донеле конечна одлука!

Реал Мадрид и Крос донеле конечна одлука!

Како што стојат работите, Тони Крос ќе игра за Реал Мадрид и во следната сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Познатиот италијански новинар Фабрицио Романо објави дека Германецот договорил се со Реал и дека за потписот на нов едногодишен договор остануваат само формалности.

Крос пред десет години од Баерн пристигна во Реал Мадрид со кој освои четири титули во ЛШ, додека три пати беше шампион на Шпанија.

Со Лука Модриќ со години го формираше веројатно најдобриот светски тандем играчи од средниот ред, а оваа сезона покажа дека може да се носи со новите надежи како Белингем, Камавинга, Чуамени и Валверде.

Реал се уште не може без него и затоа овој потег е повеќе од очекуван.

Исто така Крос пред Европското првенство во летото косе следи се врати во германската репрезентација од која се повлече пред три години и беше еден од најдобрите поединци во победите против Франција и Холандија во кои Германија запиша две победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…