Натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Валенсија кој требаше да се одигра викендов во сабота беше одложен поради катастрофалните поплави кои ја погодија Валенсија.
Засега не е познато кога натпреварот ќе биде одигран. Се најавува дека Ла Лига ќе го предложи 5-ти ноември како датум, но поради календарот на двете екипи, посебно на Реал Мадрид не е исклучено средбата да се одигра кон крајот на сезоната во мај.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во Лигата на шампионите со новиот формат има и два нови термини во јануари, па тоа го прави проблемот уште посложен. „Кралевите“ исто така ги чека настап на Интерконтиненталниот куп во Катар на 18-ти декември, додека од 6 до 12 јануари на програмата Суперкупот во Саудиска Арабија.
Многу работи ќе зависат и од тоа дали Реал ќе заврши помеѓу најдобрте осум во Лигата на шампионите и на тој начин би го избегнал плеј-офот за следната фаза кој треба да се игра на 11/12 и 18/19.