Дома Фудбал Реал го претстави Родриго: Мои идоли со Нејмар и Робињо (видео)

Реал го претстави Родриго: Мои идоли со Нејмар и Робињо (видео)

0

Реал Мадрид денес го претстави најновото засилување, 18-годишниот бразилски талент Родриго Гоес.

Бразилскиот „вундеркинд“ доаѓа од Сантос за 45 милиони евра и не криеше дека ова за него е остварување на сонот.

„Денес е најсреќниот ден во мојот живот. Реал Мадрид беше клубот за кој сонувам уште од дете“, изјави Родриго.

„Пристисок има во сите клубови, но тука е поголем, бидејќи Реал е најголем клуб во светот. Винисиус ми кажа дека треба да имам трпение и да работам добро. Се уште не сум разговарал со Зидан, едвај чекам да соработувам со него“.

Нејмар е голем фудбалер, но не сакам споредби. Јас сакам да бидам Родриго од Реал Мадрид. Сите кои ме познаваат знаат дека од дете навивам за Реал Мадрид. Мои идоли се Робињо и Нејмар“, додаде Бразилецот.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Видео: „Граѓаните“ без проблеми протиб Борнмут

Манчестер Сити запиша нови три бода со победа на гостувањето кај Борнмут во рамките на 3-т…