Шпанските медиуми пренесуваат дека Реал Мадрид веќе го завршил преодниот рок. „Кралевите“ нема да доведат нови засилувања, но нема ни да продаваат.
Реал се откажа од Мбапе, а нема да добеде нов напаѓач, иако тимот го напушти Алваро Мората. Одбиена е и последната понуда од Манчестер Јунајтед за Герет Бејл која изнесуваше 120 милиони евра.
Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Имено, Зидан планира да го користи Роналдо како напаѓач кога нема да биде спремен Бензема, а тука е и Борха Мајорал кој нема да замине на позајмица. Поради тоа се очекува и тој да добие поголема минутажа оваа сезона.
Во средниот ред нема да има промени. Реал ги одби сите понуди за Матео Ковачиќ, а Зидан го стопира трансферот на Маркос Љоренте кој требаше да замине на позајмица во Валенсија.
Интересно, трет голман ќе биде Лука Зидан, а прва алтернатива за Кејлор Навас останува Кико Касиља.