Дома Фудбал Реал без половина тим на гостувањето кај Еибар!

Реал без половина тим на гостувањето кај Еибар!

Кристиано Роналдо сигурно ќе го пропушти саботното гостување на „кралскиот“ клуб во Еибар, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Португалскиот интернационалец влече незгодна повреда поради која не тренираше денеска, по што Зидан реши тој воопшто да не патува на гостувањето во Баскија.

Ова само дополнително ќе ги зголеми проблемите на тренерот Зидан, бидејќи за овој натпревар нема да може да смета исто така на Герет Бејл и Алваро Мората.

Бејл е суспендиран поради црвениот картон кој го доби на мечот со Лас Палмас, додека Мората има акумулирани жолти картони.

Под знак прашалник е и Дани Карвахал поради удар на последниот тренинг, додека од претходно надвор од тимот е Рафаел Варан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Англија не покажа ништо од спектакуларниот фудбал од првиот натпревар

Откако во првиот натпревар прикажа исклучително спектакуларен и резултатски фудбал, денес …