Рајн-Некар кој е противник на Вардар во групата А Лигата на Шампионите стартуваше со подготовки за новата сезона. На првиот собир се појави и поранешниот вардарец, играчот кој помина седум години во црвено-црниот дрес и кој беше столб во одбраната, се работи за Илија Абутовиќ.

Покрај Илија Абутовиќ од Вардар, екипата од Манхајм ја засилија и Владан Липовина од Хутенберг, Штефан Фет од Фуксе Берлин, Јаник Колбахер од Вецлар и Јеспер Нилсен од ПСЖ. Тимот го напуштија Хендрик Пекелер и Харалд Рајнкинд (Кил), потоа Рафаел Баена кој ќе игра за Бергишер. Од Рајн Некар Левен си замина и повратникот Ким Екдал Ду Риц, кој ќе игра во ПСЖ, како и Момир Рниќ.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Вардар и Рајн-Некар ќе се сретнат во рамките на 4 коло, кога црвено-црните ќе бидат домаќини и во 11 коло, кога Вардар ќе гостува во Германија

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Раководството на РФМ беше во посета на ИХФ во Базел

Раководството на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) реализираше значајна работна п…