Дома Фудбал Англија Рајан Гигс: Свонси? Не сум заинтересиран

Рајан Гигс: Свонси? Не сум заинтересиран

Тимот кој е последен на табелата во Премиер лигата, Свонси, го отпушти својот тренер, а помеѓу имињата кои се најдоа на листата како можни кандидати е и она на легендата на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс.

Сепак, Рајан Гигс откри дека не е заинтересиран за клупата на „лебедите“.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Разговарав со нив уште пред да биде именуван Боб Бредли, но не сум заинтересиран“, изјави Гигс за британските медиуми.

„Свонси во минатите години е добро воден клуб. Играат на одличен начин. Но, секоја година е се потешко да се остане во Премиер лигата. Останаа без добри фудбалери како Гифли Сигурдсон и Фернандо Љоренте, за кои очигледно не успеаа да пронајдат замена“, заклучи Гигс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Најк „го истражува проблемот“ во дизајнот на дресовите за Светското првенство

Еден од најголемите производители на спортска опрема во светот, компанијата „Најк“ изјави …