Дома Фудбал Репрезентации Велс ќе доби нов селектор, Гигс ја напушти репрезентацијата

Велс ќе доби нов селектор, Гигс ја напушти репрезентацијата

Рајан Гигс се повлекува од функцијата селектор на Велс поради судскиот спор кој се води против него.

Гигс ќе потсетиме е обвинет дека физички ја нападнал неговата девојка Кејт Гревил, како и неговата помлада сестра Ема Гревил во неговиот дом во Ворсли во ноември 2020 година.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Во јавноста Гигс зборува дека е невин по сите обвинувања, меѓутоа тоа ќе мора да го докаже и пред судот.

„Се повлекувам од селекторската функција на Велс. Ми беше привилегија и чест да ја водам мојата земја, а оставам на ФА и моите соработници да се спремат за Мундијалот во Катар. Пред мене е судска борба во Манчестер. Поради тоа нема да можам да се посветам на менаџерските обврски. Случајот се одолговлечи и не сакам тоа да влијае на подготовките на репрезентацијата“, стои во соопштението од Гигс.

На Светското првенство најверојатно Роберт Пејџ ќе биде тој кој ќе го води Велс. Пејч досега беше помошник на Гигс ја работеше и како селектор на У21 селекцијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

За ова зборуваа Гвардиола и Клоп: Уште еден тренер реагираше на проблемот кој се почесто е главна тема!

Тренерот на Борусија Дортмунд, Нури Сахин, се придружи на низата тренери и играчи кои иста…