Ракометарите на Вардар, по победата над Барселона во Лигата на шампионите се подготвуваат за дуелот со ППД Загреб во СЕХА лигата.
„Црвено-црните“ се фаворити на хартија, меѓутоа својот квалитет мора да го потврдат на теренот во „Јане Сандански“.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Следи натпреварот со Загреб во СЕХА лигата. На претходниот наш меч во ЛШ двете екипи одиграа со висок интензитет. Ако се сеќавате ние немавме добар почеток и тие имаа предност од 3-4 голови. Да, ние сме фаворити за победа, но тоа мораме да го потврдиме на терен. Треба да бидеме добро подготвени, плус имаме проблеми со некои повредени играчи. Ова ќе биде навистина тежок натпревар“, истакна тренерот Раул Гонзалес.
„Нашиот претходен дуел сезонава беше пред неколку седмици. Знаеме дека ја имаме фаворитската улога, што значи дека мораме да победуваме на сите натпревари пред домашна публика. Знаеме дека тоа нема да биде лесно, но тоа е наша обврска и верувам дека можеме да ја исполниме“, рече капитенот на тимот, Стојанче Стоилов.