Пари Сент Жермен повторно ја освои титулата во Франција, но со оглад на играчкиот кадар, очекувањата на „светците“ беа многу поголеми оваа сезона.
Во Лигата на шампиони следуваше ново разочарување за „парижани“ кои имаа високи амбиции, а беа елиминирани во четвртфиналето од Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Пари Сент Жермен оваа сезона ги загуби и двата национални Купа. Минатиот викедн во Купот на Франција, ПСЖ после пенали загуби од Рен.
После тој пораз француските медиуми пренесуваат дека сопственикот Ал Келаифи одлучил да ги продаде некои од најголемите ѕвезди во тимот.
Поради финансискиот фер-плеј ова лето ПСЖ ќе мора да продава некои играчи за да може повторно да купува. Раководството одлучило да ги стави на продажба Едисон Кавани, Дани Алвеш и Јулијан Дрекслер.
Германецот не добива голема минутажа оваа сезона, додека останатите двајца се веќе во зрели фудбалски години и имаат големи плати.
Со оглед на фактот дека станува збор за врвни фудбалери, сигурно нема да имаат проблем да најдат нов клуб, додека ПСЖ ќе се обиде да извлече што е можно повеќе пари од нивната продажба.