Дома Фудбал Англија Распоред Премиер лига: Дерби во првото коло, Јунајтед против Сити во ноември!

Распоред Премиер лига: Дерби во првото коло, Јунајтед против Сити во ноември!

Денес во центарот на вниманието е отварањето на Мундијалот, но најсилната европска лига, Премиер лигата денес го објави распоредот за следната сезона 2018/19.

Со денешниот ждреб беа одредени паровите и целиосниот распоред за сезоната која ќе започне на 11-ти август и тоа со големо дерби помеѓу Арсенал и Манчестер Сити.

Спорт што не познава граници - Street Workout Macedonia | Уште еден поткаст


Комплетното прво коло:
Арсенал – Манчестер Сити
Борнмут – Кардиф
Фулам – Кристал Палас
Хадерсфилд – Челзи
Ливерпул – Вест Хем
Манчестер Јунајтед – Лестер
Саутемптон – Барнли
Ватфорд – Брајтон
Вулверхемптон – Евертон

Големото дерби на Манчестер ќе се одигра на „Етихад“ на 10-ти ноември, а „граѓаните“ ќе му гостиваат на Челзи на 8-ми декември, а потоа на 1-ви јануари ќе го играат дербито со Ливерпул.

Комплетниот распоред во Премиер лигата можете да го видите ТУКА.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ждрепка за осминафиналето во ЛШ: Спектакл ќе играат Реал Мадрид и Манчестер сити!

По плеј-оф натпреварите кои завршија во средата денеска во Лигата на шампионите беа извлеч…