Дома Останати Кошарка НБА Рапторси беа блиску до титулата, шампионот оживеа и се врати во последните минути (ВИДЕО)

Рапторси беа блиску до титулата, шампионот оживеа и се врати во последните минути (ВИДЕО)

0

Кошаркарите на Голден Стејт на гости кај Торонто славеа со резултат 105:106 и така ја намалија предноста на канадскиот тим на 3:2 во финалната серија.

Вориорси подобро влегоа во натпреварот. Стеф Кари беше расположен на отварањето, шутот ги служеше актуелните шампиони кои во средината на првата четвртина дојдоа до плус седум (12:19).

Меѓутоа Торонто брзо се врати. Марк Гасол е одличен под кошот во првата четвртина, а со серија од 9:2, Рапторси преминуваат во водство од 21:19.

Клеј Томпсон со пет поени во низа го отвори вториот период, но потоа следуваше шок за шампионот. Штотуку опоравениот Дурант повторно го повреди мускулот поради кој паузираше добар дел од плејофот и мораше да оди надвор од теренот.

Иако без Дурант, Вориорси продолжија да играат одлично, преминаа во водство и го одржуваа до крајот на првото полувреме. Се доближи Торонто на минус еден (57:56), но на 30 секунди до крајот Голден Стејт прави серија од 5:0 со тројка на Кари и двојка на Лонеј. Така на полувреме бранителот на тронот заминува со шест поени предност, 56:62.

На стартот од второто полувреме Вориорси правата нова серија и одат на плус 11, но домаќините возвраќаат со 7:0 и повторно Голден Стејт имаше само четири поени предност (67:63).

Нова промена на водството видовме дури на пет минути пред крајот кога тројка погоди Леонард и Торонто во тој момент водеше со 96;95, а истиот играч набрзо погодува за плус три 98:95. Рапторси во тие моменти беа подобар противник и кога на три минути имаа предност од 103:97 изгледаше дека ќе стигнат до шампионската титула.

Меѓутоа Леонард промашува два напади во низа, а Клеј Томпсон на 2:30 до крајот погодува тројка за 103:100. Следуваа лесно изгубени топки на Рапторси, а Кари и Томпсон погодуваат тројки за водство на Голден Стејт од 103:106.

Ловри успеа да погоди за 105:106, а Каусинс направи фаул во напад. Добија Рапторси прилика да шутираат за победа. Меѓутоа не успеаа да погодат, Ловри промаши и Вориорсите го добија натпреварот.

Следниот натпревар се игра во Оукленд.

Стеф Кари во победничкиот тим уфрли 31 поен, а Клеј Томпсон додаде 26. Леонард кај Торонто застана на 26 поени, но имаше голема помош и од остатокот на тимот.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Ливерпул бил спремен да го пушти, но Салах кажа НЕ на две мега понуди

Најголемата ѕвезда на Ливерпул, Мохамед Салах одбил две мега понуди за трансфер ова лето о…