Дома Актуелно Рамос се отвори: Се решив да и испратам порака откако ја сонував три ноќи по ред

Рамос се отвори: Се решив да и испратам порака откако ја сонував три ноќи по ред

Капитенот на Реал Мадрид Серхио Рамос неодамна се венчаше со долгогодишната партнерка, Пилар Рубио.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


На спектакуларната венчаква 33 годишниот фудбалер и 41 годишната новинарка го кажаа судбоносното „да“, а Рамос за шпанската телевизија ја отвори душата и раскажа како се започнало.

Уште во 2008 година кога Рамос играл за Севиља ја сонувал Пилар три ноќи во низа и поради тоа одлучил да ја побара.

„Ја сонував во текот на одморот, потоа и наредната ноќ, па ноќта после тоа. Ја гледав како недоприлива, но немав што да изгубам. Најлошото што можеше да се случи е да не одговори на мојата порака. И испратив порака, а таа одговори“.

„Одговори на пораката и започнавме разговор. Потоа се запознавме и така започна нашата љубовна приказна. Се започна како порака на „Ватс Ал“ на која не очекував одговор, а сега сме заедно и делиме среќа и тага“, откри капитенот на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Нејмар предизвика скандал: Судијата имаше менструација…

Бразилецот Нејмар повторно ги сврте очите на бразилските фанови кон себе, и тоа поради пов…