Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос се уште се наоѓа на удар на дел од фудбалската јавноста поради финалето во Лигата на шампионите.
Да потсетиме, првата ѕвезда на Ливерпул и репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах мораше да го напушти натпреварот после еден дуел со капитенот на „кралевите“.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Во тој момент Рамос стана една од најомразните личности во Египет и помеѓу навивачите на Ливерпул.
Шпанските медиуми пренесуваат дека Рамос не бил „нападнат“ само преку социјалните мрежи, туку работата станала многу посериозона.
Како што пишува мадритски „АС“ капитенот на Реал добивал смртни закани, а полицијата наводно веќе ги истражува пораките.
Исто така, во проблеми се најдоа и некои од членовите на неговото семејство кои добивале вознемирувачки пораки. Се наведува дека тие поради таквата ситуација биле приморани да ги променат телефонските броеви.