Годинава ќе се одигра и вториот супер куп во историјата на македонскиот ракомет. Во истиот ќе се сретнат екипите на Вардар, како освојувач на двојната круна и Металург, кој играше во финалето на купот и го освои второто место во супер лигата.

Официјалниот термин за одигрување на овој дуел, е 18-ти август, со почеток од 21:15 часот на отвореното игралиште во Струга. Во овој период ќе се игра и традиционалниот струшки турнир. Инаку црвено-црните се освојувачи на првиот супер куп, откако минатата година во С.Ц. Јане Сандански ја совладаа екипата на Еурофарм Работник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Бабунски уште неседнат, си замина од Беса

Бобан Бабунски пред само три недели седна на кормилото на Беса, а денес си замина од тимот…