Дома Топ вести Раководството на Барселона со ултиматум до играчите

Раководството на Барселона со ултиматум до играчите

Раководството на Барселона официјално ги објави преговорите со дел од играчите за намалување на платата поради финансиската ситуација во клубот.

Барселона поради пандемијата бележи огромни загуби, а има и долгови кои треба да ги финансира, па бара од фудбалерите да прифатат намалување на платите.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


„По неколкудневни напнати состаноци, страните ги завршија преговорите и ги прекинаа консултациите без да постигнат договор. Страните се согласија дека ќе се даде рок до 23 ноември за разгледување и одлучување дали предложените опции се уште можат да бидат усвоени“, се вели во соопштението на каталонскиот клуб.

Забележано е дека поради загуби предизвикани од пандемијата на коронавирусот, Барселона треба да продолжи со намалување на платите на фудбалерите во вкупен износ од 191 милион евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Легенда на англискиот фудбал упати остри зборови до Виртц по поразот од Сити

Флоријан Виртц имаше нова тешка вечер во поразот на Ливерпул од Манчестер Сити. Овој 22-го…