Дома Фудбал Мбапе лут како рис: Не доаѓај во Мадрид, не треба да играш тука!

Мбапе лут како рис: Не доаѓај во Мадрид, не треба да играш тука!

Во вторник навечер, Реал Мадрид ја победи Бенфика 1:0 во плеј-оф натпреварот за осминафинале на Лигата на шампионите, одигран на Да Луз во Лисабон.

Токму по голот на Бразилецот започна хаос. Винисиус ги испровоцира навивачите и играчите на Бенфика поради прославата, по што играчот од редовите на португалскиот тим, Аргентинецот Џанлука Престијани, му рече дека е „мајмун“.

Сега Мбапе изјави дека Престијани не треба да патува на реваншот во Мадрид.

„Мислам дека Џанлука Престијани не треба да дојде на Сантијаго Бернабеуу, најдобриот стадион на светот. Не го заслужува, не треба да игра тука“, изјави Мбапе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Малески бара крај на голгетерскиот пост во завршницата од Лигата на нации

Напаѓачот на Струга верува дека Македонија може да ја прекине серијата без гол и без побед…