Иднината на Иван Ракитиќ сигурно ќе биде „жешка“ тема во зимскиот преоден рок.
Хрватскиот плејмејкер не е задоволен од статусот и минутажата која ја добива оваа сезона во Барселона, па сериозно размислува да ја промени средината.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Барселона веќе му ја отвори излезната врата и е спремна да го пушти доколку пристигне адекватна понуда, па веќе на големо се шпекулира за неговата иднина.
Најсилен интерес за неговиот потпис покажуваат миланските гиганти Интер и Милан, но сега „Марка“ тврди дека Ракитиќ би можел да се пресели во Мадрид и да го облече дресот на Атлетико.
Самиот Ракитиќ претпочита да остане во Шпанија поради своето семејство, а Симеоне покажува силен интерес да го доведе во своите редови.
Меѓутоа, „Мундо Депортиво“ тврди дека Барселона нема да се согласи да го пушти играчот кај директниот конкурент за титулата, па Италија е многу поверојатна дестинација за Хрватот.