Дома Фудбал Италија Раиола не сака Донарума да го продолжи договорот со Милан

Раиола не сака Донарума да го продолжи договорот со Милан

Приоритет на раководството на Милан до крајот на сезоната ќе биде да го продолжи договорот со голманот Џанлуиџи Донарума.

Договорот на младиот голман истекува во 2021 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот. Поради тоа „росонерите“ брзаат што е можно побрзо да ја продолжат соработката.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Меѓутоа, „Газета дело Спорт“ тврди дека агентот на Донарума, Мино Раиола нема никаква намера да договори продолжување на соработката, освен ако Милан не понуди значително зголемување на платата.

Донарума моментално заработува 6 милиони евра по сезона, „росонерите“ имаат проблем со финансискиот фер-плеј, па се спремни да му понудат максимум 7 милиони евра по сезона.

Доколку двете страни не успеат да постигнат договор за продолжување на соработката, Донарума ќе биде продаден на лето за 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Немања Матиќ повторно се врати во Серија А – познато чиј дрес ќе го носи!

Српскиот играч од средниот ред, Немања Матиќ, брзо најде нов клуб откако ја прекина сорабо…