Јованка Радичевиќ денеска беше една од најдобрите ракометарки на Вардар и најзаслужна за пласманот во големото финале. Покрај четирите погодоци, Радичевиќ одигра одлично во одбраната а пресече и неколку топки на противникот при контра напади. Црногорката истакна дека Вардар заслужено е во мечот за трофеј и се надева дека Бог ќе ги награди ракометарките на Вардар овој пат.

Добивме многу тежок противник и дуел, горда сум!  Мислам дека заслужено одиме понатаму. Мора да оставиме срце на терен. Имаме многу проблеми во изминатите шест месеци, но ние само молчевме и работевме. Нема што да загубиме со Ѓер. Утре е последен меч за Вардар. Имаме мотиви да покажеме дека заслужуваме титула. Лани бевме ограбени многу, но забораваме на тоа. Баш добро е што утре ќе играме со Ѓер и ќе имаме шанса да им вратиме“, рече Радичевиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Актуелно

Проверете

Вардар се засили со Јапонец и Аргентинец!

Пред почетокот на новата сезона РК Вардар го зголеми својот играчки ростер со уште две инт…