Не престануваат шпекулациите за можниот трансфер на Миралем Пјаниќ во претстојниот преоден рок. Како што е веќе познато Барселона се смета за клуб во кој би можел Пјаниќ да ја продолжи кариерата.
Меѓутоа констатно во таа приказна се споменува и ПСЖ кој наводно исто така го сака босанскиот репрезентативец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во главно може да се прочитаат наслови во кои се тврди дека Пјаниќ ја избрал Барселона, денес за тоа пишува и „Мундо Депортиво“.
Овој медиум тврди дека ПСЖ го контактирал Пјаниќ, меѓутоа изгледа тие задоцниле. Спортскиот директор Леноардно му ја претставил понудата, но добил јасен одговор.
„Одам само во Барселона“, наводно гласел одговорнот на Пјаниќ.
Останува да го почекаме летниот преоден рок, па да видиме што ќе се случува со Пјаниќ и дали ќе го напушти Јувентус.