Дома Останати Пукна и Червар, па им се обрати на ИХФ и ЕХФ: Судиите немаат право, ова е циркуз…

Пукна и Червар, па им се обрати на ИХФ и ЕХФ: Судиите немаат право, ова е циркуз…

Селекторот на Хрватскса, Лино Червар апелираше денес на Европската и Меѓунаордната ракометна федерација да ги „променат правилата конечно“ и да ја укинат слободната судиска проценка која директно влијае на победата или поразот.

Хрватска славеше против Чешка со 28:27 и го освои петтото место на ЕП, а Червар на тој меч последен пат ја предводеше националната селекција.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тој на прошталната конференција за новинарите искористи да ги нападне судиите.

„Апелирам на Европската и Меѓународна ракометна федерација конечно да ги променат правилата и да ја укинат субјективната проценка на судиите кои директно влијаат на прашањето за победата или поразот“, истакна Червар.

Тој истакна дека на шампионатот на Хрватска не и е судено како на домаќин, туку како и на секоја друга репрезентација и дека би сакал тој тренд да продолжи на следните натпреварувања.

„Но, мислам дека ракометот заслужи промена на правилата и дека е време аматерите да престанат да одлучуваат за судбината на професионалците. Субјективните проценки треба да се укинат, а ми пречи и тоа потценување на тренерите од страна на судиите. Време е ЕХФ и ИХФ нешто да направат, а по потреба и Меѓународниот олимписки комитет бидејќи единствено во ракометот послабата екипа, не може да ја победи подобрата“, истакна Червар.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Тага во регионот: Почина млада спортистка и репрезентативка на само 17 години

Зана Албиновиќ, член на кик бокс клубот Спартак од Бреза и репрезентативка на Босна и Херц…