Дома Фудбал Италија ПСЖ ја затвори вратата за Роналдо

ПСЖ ја затвори вратата за Роналдо

Иднината на Кристиано Роналдо моментално е главна тема бидејќи Португалецот сака да го напушти Јувентус.

Денес неговиот агент Жорге Мендеш имаше средба со раководството на Јувентус, кое е спремно да го пушти Роналдо, но само ако пристигне понуда од 25-30 милиони евра.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Манчестер Сити важи за фаворит за неговиот потпис, но како кандидат се споменува и ПСЖ, особено после информацијата дека Мендеш од Торино отпатувал во Париз.

Меѓутоа, претседателот на „светците“ Насер Ал Келаифи и дефинитивно стави крај на сите шпекулации.

„Ангажманот на Кристиано Роналдо воопшто не е ниту предмет на дискусија“, изјави Ал Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

На Роберто Карлос итно му била направена операција на срце!

Легендарниот Бразилец Роберто Карлос денес беше подложен на операција поради кардиоваскула…