Дома Трансфер зона ПСЖ спреми понуда за Донарума

ПСЖ спреми понуда за Донарума

Иднината на Џанлуиџи Донарума е главна тема на Апенините, а тамошните медиуми пренесуваат дека младиот голман може да го напушти Милан.

Како што е познато, неговиот договор истекува на крајот на сезоната, а двете страни никако не можат да најдат заеднички јазик за продолжување на соработката.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Агентот Мино Раиола ја одбил последната понуда на „росонерите“ од 8 милиони евра и бара 10 милиони евра плус бонуси и провизија за посредување за него како агент.

Таквите услови не се прифатливи за Милан, но ПСЖ е спремен да ги задоволи барањата на младиот голман.

Имено, „светците“ сакаат да го донесат Донарума без обештетување и му нудат плата од 12 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…