
Во медиумите се појави информација дека ПСЖ Едисон Кавани би можел да го замени со напаѓач од Манчестер Јунајтед.
Францускиот клуб во преодниот рок ќе се обиде да доведе напаѓач како замена за Мауро Икарди чиј договор ПСЖ во целост го откупи.
Топ 10 трансфери оваа зима! Кој потроши најмногу!? ↓↓↓
Според француските медиуми ПСЖ како идеален играч кој би бил резерва на Икарди го гледаат Одион Игало.
„Фут Меркато“ пренесува дека од Париз веќе стапиле во контакт со претставниците на Игало на кого договорот со Манчестер Јунајтед му истекува во јануари.
Наводно, за ПСЖ доволни биле настапите на Игало во Манчестер Јунајтед за да се убедат во неговите квалитети.