Дома Трансфер зона ПСЖ се откажа од Кулибали, дефанзивецот поблиску до Премиер лигата

ПСЖ се откажа од Кулибали, дефанзивецот поблиску до Премиер лигата

Раководството на Пари Сен Жермен се откажа од борбата за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали, бидејќи цената на дефанзивецот е премногу висока за „светците“.

Сенегалскиот дефанзивец се очекува да го напушти „Сан Паоло“ ова лето, бидејќи има 29 години и сака да направи трансфер во клуб кој ќе се бори за најпрестижни трофеи.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите тврдат дека во моментов Кулибали е најблиску до трансфер во Премиер лигата.

ПСЖ долго време водеше преговори за негов трансфер, но „светците“ сметаат дека 80 милиони евра е превисока цена за неговиот потпис во моментов.

Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Њукасл ќе се борат за неговиот потпис ова лето.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Сари го носи Вилијан во Јувентус

Веќе е извесно дека Вилијан на крајот на сезоната ќе го напушти Челзи како слободен агент,…