Дома Трансфер зона ПСЖ „краде“ играч пред носот на Челзи

ПСЖ „краде“ играч пред носот на Челзи

Аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес беше голема желба на Челзи и медиумите веќе го видоа на „Стенфорд Бриџ“ како замена за Фабрегас.

Меѓутоа, сега дојде до пресврт во целата ситуација откако во трката за потписот на Паредес се приклучи и Пари Сент Жермен.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Скај Спорт“ пренесува дека ПСЖ понудил 35 милиони евра за Аргентинецот и сега е во пол позиција за неговиот потпис. Челзи испрати две понуди, од кои повисоката беше 30 милиони евра, но Зенит експресно ја одби.

Паредес во 2017 година од Рома за 23 милиони евра се пресели во Зенит, кој сега за неговата слобода бара 45 милиони евра.

„Светците“ се наводно спремни со вклучени бонуси да стигнат до сума од 40 милиони евра, па голема е веројатноста Паредес наместо во Лондон да се пресели во Парис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал Мадрид донел конечна одлука за иднината на Ѓулер

Иако не добива преголема минутажа, Арда Гулера има светла иднина во Реал Мадрид, тврдат шп…