Дома Трансфер зона ПСЖ за 22 милиони евра купува играч од Мајорка?

ПСЖ за 22 милиони евра купува играч од Мајорка?

Пари Сен Жермен ова лето ќе започне нов проект во кој ќе назначи нов тренер и би требало да пристигнат нови имиња, а едно од првите засилувања кое може да пристигне е изненадување.

Шпанските медиуми пренесуваат дека ПСЖ би можел да плати 22 милиони евра за фудбалер кој го носи дресот на Мајорка.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Станува збор за Канг-Ин-Ли кој подолго време важи за поголемите фудбалски таленти и беше вистински бисер на Валенсија, но откако не доби вистинска шанса на „Местаља“ си замина во Мајоркја.

Изборот да премине во Мајорка беше вистински погодок за него и почна да го покажува својот талент. Јужнокореецот зад себе има одлична сезона со која го свртел вниманието и на ПСЖ.

„Марка“ и „АС“ тврдат дека во ПСЖ веќе дале зелено светло за трансферот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…