Дома Фудбал Останато ПСЖ застана во одбрана на Хакими по обвиненијата за силување

ПСЖ застана во одбрана на Хакими по обвиненијата за силување

Пари Сен Жермен нема да го суспендира дефанзивец Ашраф Хакими и покрај тоа што против него има обвинене за силување, пренесува „ЕСПН“.

Весникот „Паризиен“, кој прв ја откри истрагата, објави дека 24-годишна жена во неделата пријавила во полиција дека ден претходно била силувана во домот на Хакими во близина на Париз.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Весникот наведе дека жената не поднела официјално пријава, но оти Обвинителство по службена должност отворило истрага за случајот.

Клубот целосно му верува на својот играч и тој ќе биде дел од тимот, па се очекува да игра против Нант во сабота во Лига 1.

24-годишниот Хакими во понеделникот присуствуваше на ФИФА Бест церемонијата во Париз, каде што беше избран во иделниот тим на годината.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Мадуеке како дефанзивец на Лестер: Го спречи Палмер да погоди на празен гол! 🎥

Екипата на Челси денеска игра натпревар против Лестер во Премиер лигата, а по десетина мин…