ПСЖ покажува сериозен интерес за младиот талент на Лион, Рајан Черки, пренесуваат француските медиуми.
19-годишниот офанзивен играч за врска игра одлична сезона за Лион и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Черки е офанзивен фудбалер кој може да игра и како плејмејкер, но и по крилните позиции. Тој е продукт на школата на Лион и важи за најголем француски талент во моментов.
Черки на лето влегува во последната година од договорот па Лион ќе мора да го продава, а ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата.
Покрај ПСЖ силен интерес за него покажуваат уште Ливерпул, Арсенал, Милан и Борусија Дортмунд.