Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ без најголемите ѕвезди доаѓа на Камп Ноу!

ПСЖ без најголемите ѕвезди доаѓа на Камп Ноу!

Екипата на Пари Сент Жермен ќе и гостува на Барселона во реванш натпреварот од осминафиналето од Лигата на шампиони.

Иако првиот натпревар заврши со висока победа од 4:0, сепак „светците“ имаат причина да бидат загрижени бидејќи во Барселона ќе патуваат без Анхел ди Марија, Марко Верати и Тиаго Мота кои ќе отсуствуваат поради повреда.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Се очекува во тимот секако да бидат Блас Матуиди и Адриен Рабиот, додека настапот на Хавиер Пасторе е исто така под знак прашалник.

Реванш дуелот од осминафиналето на програмата е утре, а Барселона се наоѓа пред „невозможна мисија“ бидејќи брка негатива од 4:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Обвинителство да се зафати со забавата на Ламин Јамал

Министерството за социјална политика во Шпанија побара истрага од обвинителството, омбудсм…