Дома Фудбал Останато Против Хакими официјално покрената истрага за силување

Против Хакими официјално покрената истрага за силување

Против мароканскиот фудбалер и ѕвезда на ПСЖ, Ашраф Хакими, официјално е отворена истрага за силување, соопшти денеска Обвинителството во францускиот град Нант.

Хакими беше сослушан вчера, а потоа ставен под судски надзор и против него е поведена официјална истрага. Се товари дека минатата сабота силувал жена во својот дом во париското западно преградие Булоњ – Биланкорт.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Паризиен“ објави дека 24-годишната жена отишла во полиција во неделата и тврдела дека Хакими ја силувал во неговиот дом во близина на Париз во саботата. Девојката не поднела официјална тужба, но обвинителството сепак одлучило да го истражи случајот.

Таа во полиција изјавила дека нивната средба излегла од контрола. Според нејзините тврдења, тој ја бакнувал, ја соблекол и имал секс со неа и покрај нејзиниот отпор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Халанд во Швајцарија може да заврши во затвор поради – 65 евра!

Eрлинг Халанд би можел следниот пат кога ќе дојде во Швајцарија да помине еден ден во затв…