Првиот противник на македонскиот шампион Вардар, во Лигата на Европа, се соочува со проблеми пред натпреварот помеѓу овие две екипи кој е закажан за 14 септември.
Вардар за нешто повеќе од половина месец го пречекува Зенит на арената „Филип Втори“. Пред овој натпревар рускиот тим би можел да се соочи со промена на тренерската клупа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако на Зенит добро му оди и е лидер на табелата во руското првенство, Роберто Манчини се закани со отказ.
Причина за вакво нешто е незадоволството на Италијанецот од тоа како управата го одработи преодниот рок.
Манчини смета дека клубот не вложил доволно напор да му ги донесе фудбалерите кои беа негова желба, пред се тука се истакнуваат Костас Манолас и Абденур кој дури и пристигнаа на лекарски прегледи во клубот, но на крајот нивните трансфери пропаднаа.