Дома Фудбал Просинечки загуби рекордни шест натпревари во низа со Црна Гора

Просинечки загуби рекордни шест натпревари во низа со Црна Гора

Фудбалската репрезентација на Црна Гора е во најлошата серија во својата историја. Шестиот пораз во низа го забележаа против Велс во Лигата на нации.

Голот на Хари Вилсон од пенал во 36. минута донесе победа за неговата репрезентација, а негативен рекорд на селекторот Роберт Просинечки, кој е последен на табелата во групата 4 од Лигата на нации Б.

Црногорците се уште имаат шанса да останат во Б ранг во Лигата на нации, но таа е многу мала и може да исчезне во следниот натпревар.

Исланд ќе гостува во Подгорица, а ниту реми нема да биде доволно за домаќините да се издигнат од дното на табелата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фердинанд се израдува на пресудата за Сити: Нов медал во колекцијата!

Англискиот фудбал беше затресен од веста за исходот на долготрајниот процес против Манчест…