Дома Трансфер зона Провизијата на Раиола најголем проблем за договор Донарума – Милан?

Провизијата на Раиола најголем проблем за договор Донарума – Милан?

Иако Џанлуиџи Донарума влезе во последните месеци од договорот со Милан, се уште нема позитивни вести за навивачите за продолжување истиот.

Медиумите пишуваат дека Донарума чека да заврши и последното коло од Серија А за да се знае дали Милан ќе игра во Лигата на шампиони наредната сезона што е негов услов. Освен тоа, постојат и други несогласувања.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Милан на Донарума му нуди плата од осум милиони евра, а Раиола бара 10 и тоа е сума која на Донарума му ја нудат заинтересираните клубови. Еден од нив е големиот ривал на Милан, Јувентус.

Денешното издание на „Газета“ пишува дека проблем е и провозијата. Раиола наводно побарал 20 милиони евра, а наводно би се согласил и на 15, но и тоа е сума која на Милан не му одговара.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Милан тргнува по дефанзивец на Арсенал

Милан е силно заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал, Јакуб Кивиор, пренесува „Калч…