Дома Фудбал Репрезентации Проблем за Белгија – им се повреди капитенот

Проблем за Белгија – им се повреди капитенот

Капитенот на белгиската репрезентација, Винсент Компани се здоби со повреда на препоните на синоќешниот натпревар против Португалија.

Компани мораше да го напушти теренот после само 10 минути во второто полувреме поради болка во препоните.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Инаку тој во изминатите години имаше многу проблеми со повредите и пропушти многу натпревари за белгиската репрезентација, а сега е неизвесен и за Мундијалот.

„Чуствуваше болка во препоните и сега останува да видиме што ќе кажат деталните испитувања“, изјави селекторот Мартинез кој беше загрижен за капитенот.

Дефанзивецот денес ќе има детални прегледи, по што ќе се знае дали ќе биде спремен да игра на Светското првенство.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Ливерпул повторно би можел да остане без еден од најдобрите, а еве што тој вели за оваа тема

Иднината на Ибраима Конате е тема на шпекулации веќе подолг период, бидејќи дефанзивецот н…