Дома Трансфер зона Проблемот решен: Диего Коста се враќа во Премиер лигата!

Проблемот решен: Диего Коста се враќа во Премиер лигата!

Откако го напушти Атлетико Минеиро долго време се шпекулираше за иднината на Диего Коста.


Меси против Левандовски -11 ден ↓↓↓



Се поврзуваше Коста со многу клубови, но веќе повеќе од половина година е без клуб затоа што не доби понуда која ќе ги задоволи неговите апетити. Англиските медиуми пред неколку дена објавија дека е блиску до трансфер во Вулверхемптон.

Договорот беше постигнат, се чекаше официјалната презентација, но потоа поранешниот напаѓач на Челзи беше одбиен за работната дозвола. Вулвси веднаш реагираа и испратија жалба. Одлуката брзо стигна и на крајот истата била прифатена.

Така сега нема да има пречки и Диего Коста повторно ќе игра во Премиер лигата. Официјализацијата се очекува многу брзо. Според најавите Коста утре ќе допатува во Англија да ги договори последните детали и да ги помине лекарските прегледи.

Лекарските прегледи се веќе закажани, а со оглед дека не е во натпреварувачка форма тие ќе бидат клучни за потписот на договорот. Сепак, не се очекува да има проблеми и Коста да стане играч на Вулвс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Матеј Цветаноски се раздели со Партизани

ЕКСКЛУЗИВНО: 50 БЕСПЛАТНИ СПИНОВИ БЕЗ ДЕПОЗИТ - РЕГИСТРИРАЈ СЕ НА МОЦАРТ! Матеј Цветаноски…