Екс-фудбалерот на Јувентус и Баерн Минхен, Даглас Коста се соочува со проблеми со законот откако Судот во Рио Гранде издаде налог за негово апсење.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Причината за донесувањето на ваквата одлука на Судот е одбивањето на Коста да плаќа алиментација на поранешната сопруга. Според бразилските закони фудбалерот може да добие затворска казна од една година.
Адвокатите на Бразилецот најавија дека ќе поднесат жалба на одлуката и за брзо време се очекува епилог од целата драма.
Коста покрај Баерн и Јувентус во кариерата играше уште за Гремио и Шахтјор, а во овој момент е фудбалер на Лос Анџелес Галакси од МЛС лигата.