Напаѓачот на Баерн Минхен, Томас Милер нема да може да игра на двата меча против Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони.
Тоа стана јасно денес откако Дисциплинската комисија на УЕФА ја објави казната за Германецот за црвениот картон кој го доби на мечот со Ајакс.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Вообичаено црвениот картон се санкционира со еден меч, но од УЕФА се решија за построга казна поради грубиот старт на Милер, кој со нога го удри во глава Таљафико.
Од „Алијанц Арена“ веднаш објавија дека ќе ја обжалат ваквата одлука на УЕФА. Тоа беше првиот црвен картон во кариерата на Милер, кој веднаш се извини.
Ливерпул го пречекува Баерн Минхен на „Енфилд“ на 19-ти јануари, додека реваншот е на 13-ти март.
UEFA have suspended @esmuellert_ for two @ChampionsLeague games following his red card against Ajax. #FCBayern will appeal the decision. pic.twitter.com/cPdPLkDlSR
— FC Bayern English (@FCBayernEN) January 11, 2019
https://youtu.be/RO3pGv1Yi7A