Нов тренер на ракометниот клуб Пелистер од Битола е Томе Петрески. Тој доаѓа на местото на Борче Маркоски, кој после двата порази од Еурофарм Работник си даде отказ. Петрески во моментов е тренер на Кујида од Мароко, но очигледно не можеше да ја одбие понудата на Пелистер и да се врати во Македонија.

Пелистер со нивиот тренер ќе се обиде да обезбеди излез во Европа и да се оправда за двата пораза од градскиот ривал. Особено затоа што регуларниот дел од Супер Лигата го заврши на првото место и важи за еден од тимовите што може да го предизвика Металург во битката за второто место.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Брера го засили нападот – потпиша со Каланоски!

Eкипата на Брера денеска промовираше ново засилување. Во клубот пристигна напаѓачот Антони…