Дома Фудбал Останато Приказна од соблекувалната: Роналдо признавал дека Меси е подоабр, но не и дека е – поубав!?

Приказна од соблекувалната: Роналдо признавал дека Меси е подоабр, но не и дека е – поубав!?

Повеќе од десет години љубителите на фудбалот имаа прилика да гледаат дуел помеѓу Лионел Меси и Кристиано Роналдо, а според многумина овој двоец е најдобриот кој се појавил во светот на фудбалот.

Меси и Роналдо имаат освоено по пет „Златни топки“, а нивното ривалоство на индивидуално поле трае повеќе од 10 години. Поранешниот напаѓач на Ливерпул, Питер Крауч ја изненади англиската јавност кога откри една приказна за Роналдо и тоа како тој се спремал за натпреварите додека играл во Манчестер Јунајтед.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Крауч откри дека Рио Фердинанд често пати му зборувал за тоа како Роналдо се однесува во соблекувалната. Според неговите зборови Роналдо пред натпреварите често сака да стои пред огледало и така работи на своето его.

„Рио Фердинанд ни откри приказна како Кристиано Роналдо стоел пред огледало и со рацете поминувал преку својата коса и си зборувал: Па, колку сум јас преубав. Останатите играчи се шегуваале на негова сметка и му дофрлувале: Како и да е, Меси и понатаму е подобар играч од тебе“, гласи изјавата на Крауч кој додава.

„Роналдо премногу не посветувал внимание на нивните дофрлувања и знаел да одговори. Секогаш кога некој ќе му кажел дека Меси е подобар од него тој само кратко одговорал „Ох, да. Но Меси не изгледа волку добро мене. Барем така ми кажуваше Фердинанд, а јас верувам дека сето тоа е вистина“, заврши Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Фудбалер на Манчестер јунајтед заминал од „Олд Трафорд“ на полувремето со Лион

Во вистинска фудбалска драма, Манчестер Јунајтед обезбеди пласман во полуфиналето на Лига …