Дома Фудбал Пресврт: Чави се откажа од тренерското столче во Барселона!

Пресврт: Чави се откажа од тренерското столче во Барселона!

Иако шпанските медиуми денес објавија дека легендарниот фудбалер на Барселона, Чави ќе го замени Ернесто Валверде на клупата, сепак тоа нема да се случи.

„Мундо Депортиво“, медиум близок до Барселона, од блиски извори дознава дека Чави се предомислил и после последниот состанок со директорите одлучил сепак да се откаже од тренерското столче во Барселона.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Чави и на лето ќе биде еден од главните кандидати за кормилото на Барселона, но тогаш главен кандидат ќе биде Роналд Куман, кој ќе може да се ослободи после Европското првенство.

Токму тоа е и причината Чави да ја одбие понудата, бидејќи смета дека раководството сака да го искористи само до крајот на сезоната, кога треба да пристигне Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона или Баерн – кој ќе стигне прв до еден од најдобрите бекови во Европа?!

Aлехандро Грималдо е име што се појавува на фудбалскиот пазар. Според пишувањата на катало…