Италијанските медиуми денес објавија дека Сами Кедира судејќи според се ќе остане во Јувентус.
Маурицио Сари од доаѓањето во Торино му соопшти на Сами Кедира дека не смета на него и дека може да го напушти клубот. Германецот беше блиску до трансфер во Арсенал, но на крајот неговиот трансфер во лондонскиот клуб пропадна.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Но, „Тутомеркато“ објави дека Кедира разговарал со Сари и дека го убедил да го задржи во тимот. Сепак, проблем е што некој веројатно ќе мора да замине.
Сега наводно на трансфер листата е ставен Емре Чан за кого Јувентус бара околу 40 милиони евра. Тој дојде од Ливерпул пред една година како слободен играч и одигра 37 натпревари.
Сепак, Јуве во својот тим има голем број играчи за врска и некој како што споменавме ќе треба да замине. Останува да видиме до крајот на преодниот рок дали тие најави ќе се остварат и тоа ќе биде Чан.